Го намалува ризикот од рак и дијабетес и ја подобрува работата на срцето – четири порции неделно го закрепнуваат телото

Често забораваме на леблебијата и здравствените придобивки кои нѝ ги дава оваа мешунка богата со протеини, влакна и други нутриенти.

Само некои од хранливите материи кои ги содржи се витамините Б6 и Ц како и фолати, манган, калциум и магнезиум.

Google search engine

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Гликемискиот индекс на леблебијата е 28, што е долна граница и тоа е една од причините зошто не го подигнува нивото на шеќер во крвта. Постојат некои прелиминарни истражувања кои покажуваат дека лицата кои редовно консумираат леблебија, можат да го намалат ризикот од дијабетес.

Помага при слабеење

Токму затоа што содржи растителни влакна, леблебијата може да нѝ помогне подолго да се чувствуваме сити и со тоа да заборавиме на висококалоричната храна.

Го подобрува здравјето на дигестивниот систем

Секако, и тука важна улога играат влакната кои помагаат да се спречи констипација и ја поттикнуваат дигестијата. Тие делуваат како средство за зголемување на волуменот во дигестивниот систем, со што го подобруваат целокупното здравје. Што е уште поважно, помагаат во одржување на рамнотежата на pH вредноста, го зголемуваат нивото на здрави цревни бактерии, а го намалуваат бројот на нездрави.

Го подобрува здравјето на срцето

Оваа мешунка содржи калиум, влакна и витамини Ц и Б6, а сите тие го поддржуваат здравјето на срцето. Влакната помагаат во намалување на вкупниот холестерол во крвта, а со тоа го намалуваат ризикот од срцеви болести. Исто така, го отстрануваат плакот од артериите и го подобруваат нивното здравје.

Го намалува ризикот од појава на рак

Селенот не се наоѓа во повеќето овошја и зеленчуци, но го има во оваа мешунка. Овој минерал го подобрува функционирањето на црниот дроб, овозможувајќи му да детоксицира одредени соединенија кои предизвикуваат рак во телото, со што ги намалува воспаленијата и спречува раст на тумор.

Фолатот во леблебијата игра улога и во синтезата на ДНК, поради што го спречува создавањето на канцерогени клетки, кои често се резултат на мутации во нив. Исто така, ова растение содржи фитохемикалии наречени сапонини кои спречуваат размножување и пролиферација на клетките на рак.

Влакната во леблебијата исто така помагаат да се намали ризикот од рак на дебелото црево, а витаминот Ц делува како антиоксидант кој се бори против слободните радикали и во целост ја спречува појавата на рак. Истражувањата покажуваат дека земањето изофлавони (кои ги содржи ова растение) може да го намали ризикот од рак на дојка.

Ги зајакнува коските

Леблебијата содржи калциум кој е многу важен за коските, но и магнезиум, уште еден минерал кој телото го користи во изградба на коските. Останатите минерали во леблебијата кои го подобруваат здравјето на коските се манган, цинк, витамин К и фосфат.

Помага во намалување на воспаленијата

Истражувањата покажуваат дека најмалку четири порции леблебија неделно може да ги намалат шансите за појава на воспаленија, што значи дека оваа храна одлично штити од хронични болести и рак. Останатите хранливи материи во леблебијата, како што се витамините А, Ц и Б6, влакната, протеините, магнезиумот, селенот и железото исто така помагаат во борба против воспаленијата.