Го чува срцето, го зајакнува црниот дроб, го забавува стареењето…

Маслиновото масло би требало да стане составен дел од секојдневната исхрана бидејќи може да се користи за речиси сите јадења и салати, а воедно е и многу здраво.

Ако имате повеќе од 50 години, сега е последниот час да започнете да го употребувате, особено ако имате хипертензија, ангина пекторис, лоша циркулација, зголемен холестерол и масти во крвта, замастен црн дроб…

Google search engine

Или, ако сакате да живеете подолго, а побавно да стареете. Студиите покажаа дека кај заболените од кардиоваскуларни болести смртноста е намалена за една третина доколку тие прејдат на исхрана со маслиново масло.

Маслиното масло може да го користите за правење на вкусен намаз за сендвичи или како прелив за риба и пилешко (во блендер измешајте исчистени маслинки, маслиново масло, малку лукче и сезонски зеленчук по желба. Мерките одредете ги во зависност од количината на риба или пилешко).

А ако повеќе сакате маслинки, послужете ги со аперитив, кашкавал или добро црно вино, или исецкајте ги и додадете ги во салатите од туна или пилешко.