Глумицата на Инстаграм презгодна, а во реалноста со вишок килограми: Кого се обидува да излаже?

Досега беше општо познато дека Тори Спелинг ја превртува вистината… Сè што прави, прави само за да привлече внимание во јавноста.

Актерката Тори Спелинг (47) очигледно е дека сака да изгледа како топ модел и поради тоа ги обработува своите фотографии пред да ги сподели на социјалните мрежи.

Google search engine

Така беше и претходно, така е и сега кога неодамна објавила фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а на која изгледа слабо и затегнато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

Меѓутоа, папарацо фотографите успеале да ја фотографираат на плажа, во бикини и со 10 килограми повеќе.

Очигледно дека Тори воопшто не ја загрижува тоа што вистината излегла на површина, па упорно ја манипулира јавноста.

Актерката од самиот почеток на својата кариера е мета на критики поради пластичните операции од кои признава дека направила само корекција на носот и ги зголемила градите.

Со сопругот Дин МекДермонт (54) таа има пет деца, а цело семејство викендов го поминале во луксузно одморалиште во калифорниски регион каде што папарацо фотографите ги „уловиле“.

Инаку, парот во текот на 2013 година бил во брачна криза поради неверство, а актерката тогаш наводно доживеала нервен слом.

Според неговите зборови, Тори во тоа време постојано го критикувала поради што утеха побарал во прегратките на друга жена, но подоцна признал дека жали поради своите постапки.

Парот успеал да го спаси својот брак, но потоа дошле другите проблеми – оние од финансиска природа.

Имено, парот се нашол пред банкрот, а должни биле на сите страни. Долговите наводно успеале да ги исплатат во април минатата година.

Интересно е тоа што Тори и Дин се запознале додека таа била во брак со актерот и сценарист Чарли Шин.

Нивната афера започнала првата вечер кога се запознале, а Тори набрзо се развела, па кон крајот на 2006 година се венчала за некогашниот љубовник.

ПретходнаСкандал во француската армија: Пилот врзан за мета а неговите колеги пукале околу него
СледнаМилиони лајкови: Бијонсе воодушеви во полупроѕирен комбинезон