Глобалното затоплување е само почеток? Научниците открија што се случувало кога Земјата во минатото станала премногу жешка

Дека Земјата, како резултат на климатските промени, се затоплува се повеќе, можеме да почувствуваме и самите. Летата стануваат потопли и подолги, зимите стануваат поблаги. Но, една нова студија за екстремни временски настани открива дека ова е само почеток на големи промени.

Научниците од Massachusetts Institute of Technology (MIT) објавија студија со предупредување дека целата планета може да стане многу нестабилна поради зголемените температури и глобалното затоплување.

Реклама

Како што истакнуваат во нивното истражување објавено во списанието Science Advances, тие користеле податоци за временските услови во текот на изминатите неколку години. Пред се, тие ги прегледале податоците за долготрајната суша, рекордно високите температури, шумските пожари и се поголемите бури и заклучија дека ова е директна последица од зголемената глобална температура предизвикана од високите емисии на СО2, произведени од човечката активност.

Но, тие исто така открија дека слични услови веќе се појавиле во историјата на Земјата. Така, тие открија дека за време на кенозоик, по исчезнувањето на диносаурусите, имало флуктуации во климата. Во превод, имало периоди кои траеле илјадници или десетици илјади години, за време на кои температурата растела и за време на која имало екстремни промени во температурата (периоди на екстремно високи проследени со периоди на екстремно ниска температура).

Што точно стои зад овие настани, научниците не можат со сигурност да кажат. Тие веруваат дека тоа било цела серија настани што можеле да го поттикнат глобалното затоплување. Како пример, тие наведуваат вулкани кои емитувале големи количини на CO2 во атмосферата за време на ерупции, што довело до забрзување на одредени биолошки и хемиски процеси, што пак дополнително ја загревало атмосферата.

Научниците истакнуваат дека ова „термичко влијание“, како што се нарекува, исчезнало пред околу 5 милиони години – околу времето кога почнале да се формираат големи резерви на мраз на северната хемисфера. Како мразот влијаел на климатските промени, научниците се уште се обидуваат да откријат, но предупредуваат на сценарио што би можело да не чека доколку топењето на глечерите продолжи.

Мразот се намалува на северната хемисфера и може целосно да исчезне како резултат на човечката активност. Нашето истражување сугерира дека ова може да ја направи климата на Земјата многу поподложна на екстремно, долготрајно глобално затоплување, како што било во минатото, предупреди водачот на студијата Константин Арншејт од МИТ.

Научниците исто така додаваат дека не е само човечката активност која влијае на климата. Откриле дека со текот на годините, орбитата на Земјата, која станува повеќе или помалку елиптична додека патува околу Сонцето, исто така има влијание врз климата на Земјата.

По бројните мултипликативни модели и анализи на промените на температурата на Земјата, тие открија дека таквите промени во орбитата може да доведат до предвидливи и благи температурни промени.

Климата се загрева и се лади според промените во орбитата. Но, самите циклуси на орбита влијаат само на мала промена во климата. Но, ако размислиме за мултипликативен модел и го додадеме тој дополнителен ефект на умерено затоплување, добиваме екстремни услови што се јавуваат истовремено со овие промени во орбитата, рече коавторот на студијата Даниел Мотман, професор по геофизика на МИТ.

Авторите предупредуваат дека нивната студија сугерира дека кога луѓето влијаат на системот, на пример, со емитување на големи количини на СО2 и со тоа зголемување на температурата на атмосферата, целиот екосистем реагира и го зголемува овој ефект преку дополнителни и екстремни зголемувања на температурата. И штом Земјата се загрее, потребни се илјадници години да се излади.

Реклама