Главниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс, денеска и се заблагодарил на Полска на понудата за борбени авиони за Украина, но оценил дека праќањето на “MiG-29” би било “голем ризик а мала добивка”.
Полска соопштила дека е подготвена да и испорача на Украина НАТО авиони “MiG-29m” ако се согласат сите членки на Алијансата.
„Најефикасен начин да се поддржи украинската во борбата против Русија е обезбедување на поголема количина на противтенквоско оружје и системи за противвоздушна одбрана“, рекол Волтерс, пренесува “Beta”.

Тој оценил дека Украина веќе има доволно борбени авиони и дека праќањето на “MiG-29” „нема значајно да ја зголеми ефикасноста на украинското воено воздухопловство“.
Волтерс ја навел проценката на разузнавачките служби дека праќање на авиони “би можело да се протолкува како пресврт во конфликтот и да доведе до големи руски реакции со што би се зголемиле изгледите за воена ескалација со НАТО”.