Ѓоковиќ среќно на АВСТРАЛИАН ОПЕН: Дали оваа девојка случајно го откри тоа што цел свет го чека со месеци? (ВИДЕО)

Додека целиот свет ја чека конечната одлука на Новак Ѓоковиќ за патувањето во Мелбурн на Австралија Опен, се чини дека една девојка ја реши повеќемесечната дилема која го окупираше целиот тениски свет.

Судејќи по видеото кое се појави, Новак Ѓоковиќ од 17 јануари во Мелбурн ќе се бори за својата 10-та титула, вкупно 21-виот Грен слем трофеј.

Google search engine

Ѓоковиќ последните неколку дена тренира во својот камп во Марбеља, каде меѓу тренинзите се дружи со младите тенисери. Така му пријде една девојка и му посака среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valerie Hafström (@valeriehafstrom)

Среќно на Австралија опен, рекла младата дама, на што Новак и рекол: – Ви благодарам многу, многу сте љубезни!

Новак е деветкратен шампион на Австралија опен, а засега не сакаше да открие дали е вакциниран, што е услов за настап на турнирот. Вакцина или медицинско ослободување од вакцина.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -