Ѓоковиќ шокиран од случајот што го потресе тенискиот свет: Тоа е ужасно, се надевам дека е добро

Исчезнувањето на кинеската тенисерка Шуаи Пенг, некогашната светска шампионка  во парови, и понатаму е една од топ темите во тенискит свет.

Да потсетиме, Пенг го обвини некогашниот вицепремиер Џанг Гаоли за силување кој воедно е и поранешен член на кинеската Комунистичка партија. Нејзината објава на кинеската друштвена мрежа Weibo исчезна само пола саат откако била објавена, а наскоро се изгубило и било каква трага од самата Пенг.

Google search engine

Пред неколку дена  Женската тениска професионална асоцијација(WTA) јавно изразила загриженост за исчезнувањето на Пенг и ја повикалa кинеската влада да ги истражи нејзините обвинувања.

А после првиот настап на финалето на АТП во Торино и победата против Каспер Руд и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изразил шок околу сето тоа што се случува со Пенг.

-Немам многу информации за случајот. Чув за тоа пред една недела и искрено шокантно ми е дека исчезнала, Особено затоа што се работи за личност која сум ја гледал претходните години на натпреварувањата, рече Ѓоковиќ и додаде:

-Нема што многу да се каже, можеме само да се надеваме дека е добро бидејќи ова е ужасно. Можам само да замислам како се чувствува нејзината фамилија која не знае каде е.