Ѓоковиќ ја призна грешката и даде објаснување за Ковид-тестовите и двата настани на кои присуствувал

Имиграцискиот министер од Австралија се уште не се огласува во јавноста и нема никаква новост за можната депортација на Новак Ѓоковиќ, кој засега останува во Мелбурн и се подготвува за првиот грен-слем во годината кој започнува на 17-ти овој месец.

Светскиот рекет број еден ја доби битката со Федералните власти на суд и му беше вратена визата за престој која му беше укината при влезот во државата Викторија, но два дена по пресудата на судијата Кели, се појавија неколку контроверзни моменти поврзани за однесувањето на Србинот во деновите кога имал позитивен тест.

Реклама

Во официјалните документи стои дека Новак имал позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, но сето тоа беше нелогично бидејќи на 17-ти и 18-ти истиот месец бил дел од два настани, од кои на првиот им доделувал трофеи на мали деца во Белград. Покрај ова, Ноле имал неуредно пополнување на документите во барањето за виза во Австралија, бидејќи не навел дека присуствувал во неколку други земји во последните 14 дена пред да допатува во Мелбурн.

– Сакам да се огласам по повод континуираните погрешни информации за моите активности и присуства на случувањата кои претходеа на мојот позитивен тест на коронавирус. Тоа се погрешни информации кои мора да бидат демантирани, посебно во интерес да се ублажи загриженоста на јавноста околу моето присуство во Австралија, како и да појаснам некои работи кои се штетни и загрижувачки за моето семејство. Сакам да нагласам дека се трудев да се грижам за безбедноста на сите, а и да се придружувам до тестирање.

– Присуствував на кошаркарски меч во Белград на 14-ти декември, после кој се појавија информации дека има бројни позитивни личности на Ковид 19. Иако немав симптоми на коронавирус, одработив брз антигенски тест на 16-ти декември кој беше негативен, а поради внимателност, одработив и ПЦР тест истиот ден. Следниот ден присуствував на тениско случување во Белград и доделив пехари на деца и одработив брз антигенски тест кој исто така беше негативен. Немав симптоми, се чувствував добро и до тој момент немав добиено соопштение за позитивниот ПЦР тест.

– Наредниот ден, 18-ти декември, бев во својот тениски центар во Белград и ги исполнив своите обврски кон „Л’Екип“ во вид на интервју и сликање. Откажав се, освен интервјуто за „Л’Екип“. Почувствував потреба да го одработам интервјуто, бидејќи не сакав да го изневерам новинарот на „Л’Екип“, но се погрижив да држам пристојна дистанца и носев маска цело време, освен кога ме сликаа. Иако после тоа отидов дома да се изолирам на одреден период, сега кога ќе размислам, тоа беше моја грешка и прифаќам дека требаше да ја одложам таа обврска. Што се однесува до деталите за патување, тоа го пополни мојот тим во мое име, што им го реков и на имиграциските службеници по доаѓањето во Австралија. Мојот агент искрено се извинува за административната грешка, означил погрешни точки за моите патувања пред пристигнувањето во Австралија. Тоа е човечка грешка и дефинитивно ненамерна. Живееме во предизвикувачки времиња, во глобална пандемија и се случуваат грешки. Денеска мојот тим достави дополнителни информации до Владата на Австралија за да се разјасни таа ситуација. Иако почувствував потреба да појаснам погрешни информации, нема да изнесувам никакви коментари од почит кон Владата и властите во оваа земја. Секогаш е чест и привилегија да се игра на Австралија Опен. Австралија Опен го сакаат играчите, навивачите, заедницата. Не само во Викторија и Австралија, секаде во светот, а јас само сакам да имам шанса да се борам со најдобрите тенисери на светот и да играм пред една од најдобрите публики во светот, – гласи соопштението на Ноле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Реклама