Маж кој со години собирал списанија и филмови за возрасни, одлучил да ги тужи своите родители откако тие ја фрлиле цела негова колекција која, според неговите зборови, вредела „вистинско мало богатство“.
42-годишниот Дејвид Веркинг од Мичиген, по разводот одлучил да се врати кај своите родители, што по неговата колекција на содржини за возрасни било погубно. Имено, неговите родители не го обожувале неговиот колекционерски дух, па сè фрлиле во канта за ѓубре.
Згрозен од таквата постапка, Дејвид одлучил да ги тужи родителите и ги добил на суд, поради што сега може да бара и отштета од нив. Како што рекол тој, неговата колекција вредела околу 25.000 долари.

Судот во Мичиген пресудил во негова корист, иако родителите на судењето рекле дека во неколку наврати му кажале да не ја носи својата колекција во нивниот дом. Меѓутоа, судот сметал дека тие, ни како родители ни како станодавци, немале право да допираат нешто што припаѓало на нивниот син.
Според пишувањето на „BBC“, Веркинг во 2017 година живеел 9 месеци со родителите, за потоа да се пресели во Индијана. Ставот на родителите дека не сакаат да имаат ништо со неговото „колекционерско богатство“ останал ист и во текот на селидбата во друг град и не сакале да му помогнат во преселувањето на неговите работи, ниту да ги чуваат во својот дом.