Корисничката Рејси на ТикТок ги прашала луѓето колку долго во просек би требало да трае сексот, а урнебесните одговори кои ги добила станале хит.
Во видео снимката која ја објавила девојката, раскажала дека се шокирала кога слушнала од помлади девојки дека една партија секс треба да трае најмалку еден час.
„Ако ме прашувате мене, 15 до 20 минути. Потоа му велам на мажот дека е доста. Зошто го правиме тоа? Имам работа, треба да гледам филмови, да се погрижам за децата. Еден час секс?“, се пошегувала Рејси.
„Слушнав неколку девојки како расправаат за тоа на работа со огромна жар. Знаев дека сигурно не сум единствената која мисли дека еден час е премногу, па објавив видео за да го дознаам мислењето на луѓето на мои години“, вели таа за „BuzzFeed“.
@recied 😂😂😂 Who out here having hour episodes of sex⁉️ #fypage #fyp #viral #foryou #recied #sexyzone #girltalk #relationship #stitch #jokes
Не поминало многу време откако ги добила одговорите на своето прашање, а многу корисници на интернет започнале да пишуваат урнебесни коментари.
„Би се навредила кога мажот би сакал да има еден час секс. Му давам максимум 30 минути“, напишала една жена.
„По 15 минути секс започнувам да составувам листа за шопинг“, додала друга.
„Еден час? Би закрепнувала 2 недели од тоа“, се пошегувала трета.
„По 27 години брак, испраксиравме секс од 2 минути“, заклучила четврта.