Ги обновува кожата и косата и ги ублажува трагите на стареење

Ладното цедено масло од авокадо содржи висока концентрација на витамин Е, кој е многу важен за одржување на здравјето на кожата.

Директното нанесување масло на кожата ја намалува појавата на старечки пеги и другите знаци на стареење, покажуваат истражувањата.

Најважните состојки за човечкото здравје во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и на фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и омекнува.

Зошто маслото од авокадо е добро за косата?

Маслото од авокадо има моќ да ја обнови оштетената коса и да ѝ го врати изгубениот сјај. Исто така, може да го поттикне растот и да го намали нејзиното опаѓање.

Како маслото од авокадо делува на кожата на лицето?

Пред сè, важно да се напомене дека маслото од авокадо е генерално добро за кожата и го забрзува зараснувањето на раните. Некои студии покажале дека на пациентите со сува кожа, особено на заболените од псоријаза, ова масло им помага да се ослободат од симптомите на затегнување и пецкање.

Маслото од авокадо првенствено ѝ годи на сувата кожа затоа што ја навлажнува и ја хидрира, притоа не оставајќи масна трага бидејќи кожата брзо го впива.

Она што е особено важно денес во негата на кожата е ублажувањето или отстранувањето на брчките. Токму длабинската хидратација придонесува за поголема еластичност на кожата и хидрираност поради присуството на бета каротен, протеини, лецитин, витамини А, Д и Е, а со самото тоа се намалува и можноста за појава на брчки, бидејќи се стимулира производството на колаген.