Ги нарекуваат „убавицата и ѕверот“: Ретко се појавуваат заедно, а по 11 години сè уште се лудо вљубени еден во друг

Парот се запознал во 2010 година на филмски сет, а за нивната веридба се дозна во јануари 2016 година.

Манекенката Роузи Хантингтон Вајтли и актерот Џејсон Статам се еден од најпопуларните и најатрактивни холивудски парови. Но и покрај тоа, парот од самиот почеток е многу таинствен кога станува збор за нивната врска и сите детали успешно ги кријат од љубопитните медиуми.

Google search engine

Ретко се појавуваат заедно во јавност, но овојпат папараците ги фатиле во Беверли Хилс како напуштаат еден познат ресторан.

Сите погледи како и секогаш биле вперени кон Роузи која носела минијатурен црн фустан и високи потпетици, а стајлингот го надополнила со црна кожна јакна и мини чанта.

Нејзиниот 20 години постар вереник бил вистински фраер во бела кошула и одело.

Роузи и Џејсон се запознале дамнешната 2010 година на филмски сет, а за нивната веридба се дозна во 2016 година на црвениот тепих, кога поранешниот ангел на Викторија Сикрет се појави со дијамантски прстен. Синот Џек ја круниса нивната љубов летото 2017 година.