Германски научници од Институтот за молекуларна вирусологија на Универзитетскиот медицински центар во Улм, истражувале како храната што се користи секој ден може да влијае на ширењето на коронавирусот, но и на грипот.
Како што наведоа, респираторните вируси првично ги инфицираат носните и усните шуплини, каде што се размножуваат, предизвикуваат симптоми и можат да се пренесат од таму на други луѓе.
Според нивните откритија, спречувањето на почетната инфекција или намалувањето на концентрацијата на вирусот во носната и усната шуплина може да го намали ширењето кај другите, но исто така да ги ублажи симптомите и да се прошири на белите дробови.
Во неодамна објавената студија, научниците открија дека сокот од аронија, сокот од калинка и зелениот чај имаат значајна антивирусна улога и против двата вируси, и од грипот и од короната.
Мешавина од сок од аронија и вода, кога се користи за плакнење на грлото, уништува 97% од коронавирусот во усната шуплина по само пет минути, според германските научници. Сокот од калинка и зелениот чај убиваат 80 проценти од вирусот по една минута испирање.