ГЕРМАНСКИ ХУЛИГАНИ СО МАЧЕТИ И БОКСИРАЧИ ВЛЕГЛЕ ВО ПАБ ПОЛН СО АНГЛИЧАНИ: Невидена тепачка меѓу навивачи пред почетокот на натпреварот од Лигата на нации!

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка на која се гледа судир и тепачка меѓу германски и англиски хулигани, пред натпреварот меѓу репрезентациите на двете екипи во натпреварувањето во Лигата на нации на УЕФА.

Huligani

Google search engine

Според англиските медиуми, наводно „сто германски хулигани вооружени со мачети и боксирачи“ упаднале во паб, во близина на стадионот „Вембли“, каде мирно седеле англиски навивачи.

Настанала жестока тепачка, од која Англичаните го извлекле подебелиот крај, а брзата интервенција на полицијата спречила поголем инцидент кој можел да има трагичен крај. Како што пишува британскиот таблоид „The Sun“, Англичаните мирно пиеле пиво во пабот „Green Man“ кога одеднаш влегле „стотина маскирани германски хулигани облечени во црно“.

Полицијата соопшти дека се уапсени повеќе луѓе. Според очевидци, Германците биле вооружени, а во конфликтот имало и неколку повредени. Едно лице напиша на Твитер:

„Само неколку лежерни кригли во пивската градина и одеднаш 100 Германци влетуваат, со пиштоли, напаѓајќи деца и стари жени“.