Германски експерт тврди: Полицискиот час е контрапродуктивен – поопасно е во затворен простор, отколку на отворено

Германскиот експерт за аеросоли, Герхард Шојх смета дека полицискиот час, од епидемиолошки агол, е контрапродуктивен.

Шојх за телевизијата “WDR” изјави дека планираните сојузни мерки, кои вклучуваат и воведување на полициски час од 21 часот до 5 часот наутро не се добри.

Google search engine

Поранешниот претседател на Меѓународното друштво за истражување на аеросоли истакна дека со тоа граѓаните само ќе бидат натерани да останат во затворен простории кои гледано од епидемиолошки агол, се помалку безбедни.

„Ако воведуваме полициски час, тогаш им сугерираме на граѓаните – внимавајте, надвор е опасно. Меѓутоа, токму спротивното е опасно“, изјави Шојх, нагласувајќи дека поопасно е доколку граѓаните поминуваат повеќе време во затворен простор.

Меѓутоа, како што вели, и на отворено постои опасност доколку стоите лице во лице со некого и разговарате долго, иако станува збор за помал ризик. Од Друштвото за истражување на аеросоли советуваат дека и надвор треба да се носи маска доколку не можете да избегнете да бидете во група во која не може да се обезбеди дистанца.

Порастот на бројот на новозаразени во земјите во кои моментално владее топло време сугерира дека граѓаните повеќе време поминуваат во климатизирани простории каде што вирусот полесно се пренесува со неадекватна вентилација.