Германија: Вакцинираните под 60 години со „АстраЗенека“ да не ја примааат вторaта доза

Германската комисија за вакцинација (СТИКО) им препорачува на луѓето под 60-годишна возраст, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирусот, да се ревакцинираат со „друг производител”.

Во препорака на својата веб-страница, СТИКО наведува дека не постојат научни докази за безбедноста на мешовитата серија на вакцини.

Google search engine

„Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО им препорачува на помладите од 60 години наместо втора доза на „АстраЗенека“ по 12 недели да им се даде доза на mRNK вакцина“, се нагласува во соопштението.

Вакцините со mRNK ги вклучуваат оние кои ги произвеле компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.

На почетокот на оваа недела, Германија соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ треба да им се дава само на луѓето над 60-годишна возраст поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти.