Германија ги заострува мерките пред Божиќ: Најавени нови мерки

Германија би можела да ги заостри рестриктивните мерки против коронавирус како дел од веќе постоечкиот локдаун кој започна во ноември, кој не го сопре целосно ширењето на вирусот, порача министерот за здравство Јенс Шпан.

„Краткиот и јасен пристап кој би можел да направи разлика во однос на моменталната ситуација е сигурно многу поуспешен“, изјави Шпан.

Google search engine

„Доколку не се подобри ситуацијата во идните седмица или две, ќе мораме да дискутираме“, додаде германскиот министер.

Германските медиуми ги пренесуваат зборовите на премиерот на покраината Брандебург, Дитмар Војдке кој изјави дека покраините и федералната влада би требало да разговараат веќе оваа седмица за воведување на нови рестриктивни мерки.