Генијално или измама? Тиктокер открил интересна теорија за тоа како се прави КитКат чоколадото

Повеќето како мали обожуваа КитКат, а некои и денес се нивен љубител. Тие кои ги јадеа овие чоколади знаат дека се сочинети од многу крцкав кекс и чоколадо. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале како всушност се прават?

Тиктокерот Зек Филмс неодамна едни разочара, а други воодушеви откако открил, па дури и демонстрирал како всушност се прави КитКат чоколада, а еве за што станува збор.

Google search engine

„Некои КитКат чоколади се кршат во текот на производството“, започнал Тиктокерот со своето обраќање, а потоа ја продолжил приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zack D. Films (@zackdfilms)

„И наместо да ги фрлат искршените, вработените ги издвојуваат, ги дробат и им додаваат малку шеќер, вели Зек и додава дека така добиената смеса добро се меша, а потоа се прелива со чоколадо и всушност тоа е таа крцкава состојка која се наоѓа во внатрешноста.

Под неговото видео кое стана вирално на интернет следеле бројни коментари и прашања:

„Но, од што е тогаш направено првобитното, оригинално КитКат чоколадо?“, прашал еден, додека друг бил воодушевен од оваа постапка на компанијата бидејќи на овој начин се спречува залудното фрлање на храна.