Гејтс за светот после коронавирусот: Дали ни доаѓаат подобри денови?

Неговата фондација, која ја води со сопругата Мелинда, издвоила 1,75 милијарди долари за истражување и медицински потрепштини во борбата против Ковид-19.

Неодамна вакциниран против Ковид-19, милијардерот и со-основач на “Microsoft”, Бил Гејтс, открива за “El Pais” некои свои ставови врзани за постпандемискиот свет.

Google search engine

Вели дека во наредната година во голема мера ќе превладеат најдраматичните ефекти од пандемијата и дека дури следното лето работите ќе се вратат во нормала, под услов да се вакцинира најмалку 70 проценти од популацијата.

Неговата фондација, која ја води со сопругата Мелинда, издвоила 1,75 милијарди долари за истражување и медицински потрепштини во борбата против Ковид-19.

Новинарката Монтсерат Домингез го прашала што мисли за движењата против вакцината и се почестите негодувања на социјалните мрежи?

“Проблемот станува многу сериозен ако тие приказни ги натераат луѓето да поверуваат дека носењето маска или вакцината не се важни. И покрај тажната година за нас, и овие денови, можеме во добри цели да ги искористиме иновациите кои го видоа светлото на денот, како што е РНА техниката”, наведува Гејтс.