Гејмерската индустрија денес е поголема од филмот и спортот заедно: Ова се 10-те најпродавани игри за 2020 година

Пандемијата на коронавирусот ги „вивна“ во небо произведувачите на видео игри кои сега заработуваат повеќе отколку индустријата на филмот и спортот заедно.

Светските приходи од видео игри скокнаа за 20 отсто оваа година, на 179 милијарди долари. Во исто време, филмската индустрија има приходи од 100 милијарди долари додека спортските активности „застанаа“ на 75 милијарди долари.

Google search engine

Речиси сите работи се погодени од пандемијата, карантинот и затворањето. Се чини дека гејмерската индустрија е една од ретките која напредуваше во текот на пандемијата и на која ѝ се предвидува понатамошен раст и во 2021 година, особено ако се земе предвид неодамнешното излегување на конзолите на „Sony“ на пазарот.

Бизнисот со видео игри „процвета“ поради слободното време кое сите го поминувавме во рамки на домот, но и поради големиот број нови начини за нивно играње. Поминаа времињата кога беше неопходно да се има конзола и да се купуваат видео игри – денес тие се играат и на телефони, преку апликации и не се ограничени на конзола на еден произведувач.

Иако продажбата на конзоли придонесува за вкупниот приход, тоа не е единствениот вид на заработка, ниту пак најголемиот. Моментално најбрзо растечки бизнис е развојот на видео игри за мобилни телефони – нивната предност во однос на конзолите е нивната цена.

Дојде до промени и во навиките на гејмерите, па така игрите сè повеќе се купуваат преку „Steam“ и други платформи. Од таа причина не е ни чудно што опаѓа бројот на физички копии на игрите, додека дигиталната продажба бележи раст од над 12 отсто.

Сепак, најголемата заработка не доаѓа од продажбите на игри туку од микротрансакциите. Сега бесплатните игри стануваат сè подостапни, но е просто невозможно да не се потрошат пари за премиум налог, дополнителни животи, побрзо градење, поубави костими…

Ова се 10-те најпродавани видео игри за 2020 година:

1. Call of Duty: Black Ops: Cold War

2. Call of Duty: Modern Warefare

3. Animal Crossing: New Horiyons

4. Madden NFL 21

5. The Last of Us: Part II

6. Ghost of Tsushima

7. Assassin’s Creed: Valhalla

8. Final Fantasy VII: Remake

9. Marvels Avengers

10. Super Mario 3D All Stars