Газдите сакаат работниците да бидат со години пријавени на определено работно време!

Измените на Законот за работни односи се заглавени подолг период во собраниските лавиринти. Новите правила кои се бараат да бидат изгласани од пратениците предвидуваат намалување на времето работникот да биде пријавен на определено работно време, како и исплатата на месечната плата да не биде задолжителна до 15ти во месецот, туку до петти. Но, овие измени не им се допаднаа на бизнисмените, и бараат од спикерот Талат Џафери пратениците да не ги носат предложените измени. Од синдикатот пак за Денар велат дека поддржуваат се што е во корист на работниците.

Додека претениците се решат да дебатираат за подобрување на правата за работниците од Стопанската комора на Македонија испратија барање собранискиот спикер Талат Џафери, законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, а во иднина, како што велат, законите да се носат низ транспарентен и инклузивен процес со вклученост на засегнатите страни. Причина за ова е големиот број на реакции од компании членки на ова бизнис здружение. Бизнисмените не се согласуваат работниците да бидат само шест месеци на неопределено работно време, туку подолг период, со образложение дека толку краток период нема никаде во регионот.

Реклама

„Вакво или слично решение како предложеното, не може да се сретне ниту во земјите во регионот (на пример во Србија договорот на определено време може да трае до 24 месеци, во Хрватска до 3 години итн), ниту пак пошироко во Европа. СКСМ многу добро знае за да не се одговори на ова наше барање може да се искористат десетици други правни процедури и акти. Но ако се има волја и одговорност за моментот во кој се наоѓаме предлог законот може да се врати на јавна расправа“, велат од Стопанската комора.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за Денар велат дека дел од работодавачите треба да престанат работниците да ги гледаат само како машини кои им носат профит. Работниците освен плата треба да имаат добри улови за работа и да чувствуваат сигурност во компанијата во која што работат..

„Со новата министерка за труд и социална политика, на економско социјалниот совет ние ја утврдивме динамиката на изработка на новиот Закон за работни односи. Доколку зборуваме за договорите на определено време кое е на пет години, нашиот став е јасен периодот мора да се намали на шест месеци. Бидејќи во Законот за работни односи имаме на пример,  приправник каде што може да види работодавачот дека тој ја работи работата или пак не ја работи работата и по тој основ да го трансформира договорот на неоределено време или да го отпушти работникот ако не е зџадоволен од неговите работни активности. Ние сметаме дека навистина треба во новото законско решение за работни односи договорите на определено време да бидат до шест месеци, а потоа доколку работодавачот не ги трансформира во договори на неоределено време, Агенцијата за вработување тоа да го прави по основ дека истекол рокот на работа на  определено време“, велат од ССМ.

Со измените на Законот за работни односи се бара од народните избраници освен да се намали и времето на работниците поминато во компанијата да работат на определенио време, и месечната плата наместо до 15-ти во месецот, да им се исплаќа на работниците најдоцна до петти во месецот. Сметките за домување на домашните адреси пристигнуваат во првите денови од тековниот месец, трошоците се поголеми на граѓаните за набавка на храна, а доколку задоцни платата во месецот, дополнително се комплицира животот на голем број домаќинства кои едвај го туркаат месецот.

Извор denar.mk

Реклама