Фрлени молотови коктели врз казино во Скопје

Два молотови коктели биле фрлени врз казино, вчера во Кисела Вода, информира МВР.

-На 26.03.2022 во 08.15 часот во СВР Скопје, вработена во казино на бул.„Борис Трајковски” пријавила дека околу 08.05 часот кон казиното биле фрлени две шишиња со запалива течност, при што била оштетена влезната врата и настанал пожар кој бил изгаснат од вработените, велат од МВР.

Google search engine

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор ваков инцидент за кратко време, откако пред една недела беше опожарено казино во Тетово.

Полицијата уаспи двајца тетовци за инцидентот, кои, откако изгубиле поголема сума пари на апаратите за среќа, почнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот. Потоа со столици и други предмети запчнале да ги кршат апаратите и инвентарот во казиното.

Обезбедувањето пријавило во полиција, па на местото дошле и двајца полициски службеници.

Осомничените се вратиле во објектот со пластични шишиња со бензин. Полициските службеници ги предупредиле да не влегуваат во објектот, но наредбата не ја послушале. Напротив, кон полицајците упатиле погрдни зборови и закани дека ќе ги запалат. Оттурнувајќи ги полициските службеници, осомничените започнале да истураат бензин врз тепихот, предметите, но и врз присутните полицајци и припадници на обезбедувањето. Го запалиле бензинот со запалка, по што избувнал пожар во внатрешноста на казиното, а од огнот бил зафатен и дел од униформата на еден од полициските службеници.

- АУДИО РЕКЛАМА -