Фрлен солзавец на настапот на Бреговиќ во Албанија: Дојде брза помош и полиција, луѓето го напуштаат концертот (видео)

Познатиот музичар и големата екс-југословенска музичка ѕвезда, Горан Бреговиќ вечерва настапи на фестивалот на пивото во Корча во Албанија, кога се случи инцидент што предизвика конфузија, пренесуваат албанските медиуми.

Имено, за време на настапот на Горан Бреговиќ беше фрлен солзавец, па многумина одлучија да го напуштат фестивалот.

Google search engine

Децата и постарите лица тргнаа директно кон излезот, додека на едно лице му беше укажана медицинска помош од полицијата и брзата помош кои дојдоа на лице место.

Откако ситуацијата се смири, концертот продолжи, а по оваа информација, контактиран е тимот на Бреговиќ, кој се уште не коментира што се случило.