Северноатлантската алијанса е машина на Соединетите Американски Држави, средство за управување со сојузниците, смета францускиот политичар Жак Мијар.
Мијар нагласил дека во руско-американските односи постојат несогласувања по бројни прашања, но истовремено забележал дека на женевскиот самит на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, бил обновен дијалогот меѓу двете држави.
Во времето на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, сличниот дијалог бил многу чуден, недоследен, со трескање на врати, забележал Мијар.
Меѓутоа, сегашниот домаќин на Белата куќа гледа на Русија како на геополитички партнер по прашањата за глобалната стабилност.
Тој забележал дека интересите на државите во Алијансата се разликуваат по многу работи, вклучувајќи ги и интересите на Вашингтон.
Коментирајќи ги односите на својата држава и Русија, тој изразил жалење поради отсуството на стабилен билатерален дијалог.

“Многу ми е жал што Макрон сакаше да воспостави дијалог со Путин, го канеше во Брегансон, но не работеше доволно на тоа, туку со западните држави се заврти кон Алијансата”.
Мијар високо ја оценил улогата на Русија како партнер кој осигурува стабилност во Европа и додал дека секоја држава која влегува во НАТО треба да води индивидуален дијалог со Русија, бев да мисли на интересите на Вашингтон.