Француската лабораторија “Carmat” прв пат продала вештачко срце

Француската лабораторија во 2020-та година добила дозвола за продажба на своите производи во Европа и тоа на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

Француската лабораторија “Carmat” соопштила денеска дека прв пат на пазарот пласирала вештачко срце, кое неодамна му било вградено на пациент во Неапол во очекување на трансплантација.

Google search engine

Тоа е прва продажба на вештачко срце на лабораторијата основана во 2008-ма година.

Вградувањето на срцето го спровел тим од лекари на чело со кардиологот Чиро Мајело во болница во Неапол.

Француската лабораторија во 2020-та година добила дозвола за продажба на своите производи во Европа и тоа на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

“Carmat”, која го изработила вештачкото срце, пред неколку години соопштила дека тоа не може во целост да ја замени трансплантацијата, туку се доградува поради недостиг на срце за пресадување.

Претходно е наведено дека протезата е тешка 900 грама, потешка од вистинско срце, кое е тешко околу 300 грама.

Лабораторијата не ја навела цената на протезата, но француските медиуми претходно наведувале дека такво срце чини околу 160.000 евра, колку што чини и пресадување на вистинско срце со многу долг пост-оперативен тек.