Големо истражување предупредува на ризикот од воспалителни болести на срцето, но истакнува и дека вакцинацијата сепак има повеќе предности.
Вакцината против Ковид-19 на база на RNK го зголемува ризикот од воспаленија на срцевиот мускул и срцевата обвивка, но истото е ретко и не ја доведува до прашање користа на вакцината, се истакнува во француското истражување објавено во понеделникот.
Ова истражување кое го спровел Epi-Phare во соработка со Здравственото осигурување (CNAM) и Агенцијата за лекови (ANSM), и истото ги опфатило луѓето од 12 до 50 години кои во Франција биле примени во болница поради миокардитис или перикардитис при што 919 случаи биле со миокардитис, а 917 случаи со перикардитис.

Миокардитис и перикардитис се воспалителни болести на срцето. Првото го погодува срцевиот мускул, а второто обвивката на срцето.
Како што веќе покажале фармацевтските извештаи, резултатите од француската студија потврдиле дека вакцините Фајзер и Модерна го зголемуваат ризикот од овие болести во рок од седум дена по вакцинирањето.
Ризикот е поизразен кај мажите помлади од 30 години, најчесто по втората доза од вакцината Модерна.
Кај жените помлади од 30 години зголемен број на случаи на миокардитис кој може да се случи по втора доза на Модерна бил 37 на милион дози.
Што се однесува на ризикот од перикардитис и тој бил поизразен по вакцинирањето со Модерна кај помлади од 30 години, особено по втората доза.
Не е пријавен ниту еден смртен исход меѓу хоспитализираните поради воспаление на срцето кое настанува по вакцинирањето.
„Доколку ги ставиме на вага делувањето на вакцините против тежок облик на Ковид-19 и постоечкиот, но редок ризик со позитивен исход, односот корист-ризик од вакцинирањето не се доведува во прашање“, истакнувал Махмус Зуреик директор на Epi-Phare.