Франческо Тоти ја отвори душата по разводот: „Ми кажаа дека ме изневерува, ѝ го зедов телефонот и прочитав разни пораки“

Еден од најпознатите парови, Франческо Тоти и Илари Бласи, се разведуваат по 17 години брак, пренесуваат италијанските медиуми, а сега испливале нови детали.

Тие двајца биле во брак од 2005 година, но врската ја започнале неколку години претходно, така што севкупно се 20 години заедно. Сепак, годинава одлучиле да се разведат.

Google search engine

Иако многумина сметале дека причината за разводот е неверството на фудбалерот, медиумите пишуваа дека главниот виновник за разводот е всушност личниот тренер на Илари Бласи, Кристијан Јовин.

 

Се спомнувало дека поради целата ситуација Тоти паднал во депресија, а потоа отишол чекор понапред па ја обвинил сопругата за неверство, но и дека наводно му ги украла скапоцените часовници.

Илари долго не се огласувала, но сепак одлучила преку адвокатот Алесандро Симона да каже што има, пренесува „Corriere dello Sport“.

„Секогаш правев сè за да ги заштитам своите деца и ќе продолжам да го правам тоа. Нивната сигурност ми е на прво место, секој е одговорен за своите постапки. Последните години сведочев на работи кои можат да уништат 50 семејства“, порачала таа.

Истиот извор истакнува дека тоа е само почетокот на силата и долгата низа откритија поради тоа што Тоти неодамна рекол дека Бласи не била покрај него кога му била најпотребна, но и дека нашол пораки во нејзиниот телефон кои само го докажуваат нејзиното неверство.

 

„Прочитав многу за неколку седмици, поради тие работи патат нашите деца. Стоп. Преживеав тежок период, прво затоа што престанав да играм фудбал, а потоа дојде и смртта на мојот татко којшто почина како последица на Ковид. Баш кога сопругата ми беше најпотребна, не беше тука. Во септември минатата година до мене стигнаа гласини дека Илари има друг, односно повеќе од еден, а потоа ги открив пораките на нејзиниот телефон. Нешто како ‘се гледаме во хотелот’ и слично“, изјавил Тоти.

ПретходнаФизички нападнат од повеќе лица градоначалникот на Арачиново
СледнаБлудни девојки, алкохол и дрога во изобилие – еден остров нуди сè