Фотографија на денот, ова цел свет го чекаше: Насмеаниот Ериксен испрати моќна порака од болничкиот кревет

Сите беа преплашени кога Кристијан Ериксен само се сруши на земјата и поради што докторите мораа да го реанимираат.

Напаѓачот на Интер и најдобриот играч на Данска закрепнува во болница во Копенхаген, а на социјалните мрежи поставил и прва фотографија по несреќниот настан поради кој неговото учество на Европското првенство е завршено.

Google search engine

„Поздрав до сите. Ви благодарам многу за симпатичните и неверојатни желби и пораки од сите делови на светот.

Навистина многу ми значат и мене и на моето семејство. Добро сум, имајќи ги предвид околностите. Морам да направам уште некои испитувања во болница, но се чувствувам добро“, нaпишал везистот на Интер на официјалниот Инстаграм профил.

 

„Сега ќе навивам за соиграчите од данската репрезентација во наредните натпревари. Играјте за Данска. Сè најдобро. Кристијан“, напишал Ериксен.