Фотографии од Жизел Бундшен направени во период од 20 години, разлика речиси и нема

Жизел Бундшен се појави на овогодишниот карневал во Рио Де Жанеиро во речиси идентична модна комбинација која ја носеше на истиот настан и пред 20 години.

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет сподели дел од карневалската атмосфера со своите 20 милиони следбеници на Инстаграм, а неколку дена претходно, во пресрет на спектакуларната поворка објави видео со подготовка за карневалот со кореографот Џастин Нето.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Манекенката во минатото откри дека има посебен режим на исхрана благодарение на кој изгледа беспрекорно.

Месо јаде само двапати месечно, консумира само овчо и козјо сирење и пие сок од цвекло во текот на менструалниот циклус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Во изминатите месеци славната Бразилка беше во центарот на вниманието на медиумите поради разводот со Том Брејди со кој има 2 деца – Бенџамин (13) и Вивијан (10), додека Брејди го има 15-годишниот син Џон од поранешната врска со Бриџит Мојнахан.

„Мој приоритет отсекогаш биле и ќе бидат нашите деца кои ги сакам со целото срце“, изјави Бундшен во октомври 2022 година.

Манекенката додаде дека „одлуката за прекин на бракот не била лесна, но се чувствува благословено за времето поминато заедно со Том“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)