Утрово околу 09:30 часот во Белград е пронајдено тело на младо момче, за кое се претпоставува дека е Матеј Периш, иако официјална потврда сè уште нема.
Телото е испратено на ДНК анализа, за да се утврди дали станува збор за исчезнатиот Сплиќанец.
Како што пренесува српски „Курир“, неговото тело го забележал некој од морнарите.
„Веројатно ветерот го донел овде, морнарите го забележале и потоа повикале полиција. Телото на Матеј останало заглавено под мостот што води кон понтон“, вели соговорникот за споменатиот медиум.
На местото каде што е извлечено телото на Сплиќанецот има видливи траги од крв.
„Ветерот го однесе телото до самиот брег, во близина на кафулето на Ада Хуја. Можевме јасно да видиме дека се работи за маж, иако телото беше во фаза на распаѓање. Сепак, јасно можеше да се види облека, фармерки, маица со апликација и бела патика“, изјавил за „Блиц“ еден од очевидците.
Како што дознава српски „Курир“, денеска околу 9:20 часот во близина на салата Империум, полиција повикал капетанот Зеленовиќ Милован, кој пријавил дека тело лежи во водата со свртен грб.

Веднаш била забележана голема сличност, сина маичка со жолт круг, фармерки и бела патика со буквата в. Исто така, во џебот му бил пронајден телефон, а на раката имал сребрен часовник.
„Се шетавме покрај брегот и забележавме како водата носи тело, кое запира малку подалеку. Ветерот го донесе, пливаше низводно по Дунав. Околу 9:30 пристигна полиција. Телото беше во фаза на распаѓање, некое момче кое пешачеше во близина, провери на интернет и виде дека е исто облечен. Имаше една бела патика и црна маица. Кога човек ќе се удави, телото е завртено надолу“, рекол капетанот на блискиот брод за српски Курир.

Зеленовиќ рекол дека не помислил веднаш дека се работи за Матеј Периш.
Како што велат изворите, телото е непрепознатливо поради тоа што долго време било во вода, но според конституцијата, по облеката, апликацијата на маицата, постои сомнеж дека се работи за Матеј Периш, за кој се трага од декември минатата година, кога исчезнал од клубот „Готик“, во кој бил со пријателите за новогодишна прослава.