Неколку експлозии одекнале во раните утрински часови во Киев, точно една седмица откако Русите ја нападнале украинската престолнина, пренесува „AFP“.
Агенцијата „Reuters“ објавила дека нападот го извеле беспилотни летала – камикази, повикувајќи се на соопштението на Адриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

„Русите мислеле дека тоа ќе им помогне“, напишал Јермак на „Телеграм“, апликацијата за размена на пораки. Три експлозии се слушнале меѓу 6:35 часот по локално време. Сирените сигнализирале воздушен напад непосредно пред првата експлозија.
Photos of one of the Russian Geran-2 loitering munitions that struck Kyiv this morning from @YasuyoshiChiba. pic.twitter.com/8hcLOdYJbc
— Rob Lee (@RALee85) October 17, 2022
Киев беше нападнат и пред една седмица
Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите агресивно го бомбардирале Киев и другите украински градови, убивајќи и ранувајќи луѓе, што предизвикало осуда. Ден подоцна, Русите продолжиле со воздушните удари, но со помалку агресија, а главната мета им биле енергетските објекти на западот од Украина.

Нападите биле изведени во знак на одмазда за експлозијата во која делумно беше оштетен Кримскиот мост, стратешки многу важен за Русите.
Apartament house in #Kyiv this morning was attacked by #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/07lnABAY4n
— Olena (@Qwenezlaya) October 17, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот петок изрази задоволство од воздушните удари и оцени дека ваквите деструктивни напади на украинските градови моментално не се неопходни.





