(Фото) Вереникот ја оставил пред олтарот, таа продолжила да слави: „Го поминав денот со семејството и пријателите“

Една невеста од Велс била подготвена да му каже „да“ на својот вереник пред олтарот, но се случило нешто неочекувано.

27-годишната Кејли Стед била 4 години во врска пред таа и вереникот Калум (24) да одлучат да се венчаат. Тие се договориле ноќта пред венчавката да се разделат и да не се слушаат, па таа до последен момент била убедена дека сè е во ред. Меѓутоа, пред самата церемонија дознала дека нејзиниот вереник побегнал и се откажал од венчавката.

Google search engine

Не ни помислувала дека нејзиниот вереник ќе побегне

Кејли вели дека немало никакви знаци дека Калум ќе побегне.

„Планиравме меден месец и за минатиот Божиќ ми подари рачно испишан албум со спомени и причини зошто ме сака. Навистина не знам зошто го направи тоа, но сега веќе не е ни важно“, рекла таа.

Стед се подготвувала за венчавката од рано утро, а нејзините деверици дознале преку деверот дека младоженецот нема да се појави.

„Кога дознав, бев во потполн шок, шминката ми се размачка и не можев да ги запрам солзите. Фотографката ме праша зошто и покрај сè не поминам убав ден со семејството и пријателите и тогаш одлучив дека ќе продолжам со венчавката“, вели 27-годишната Кејли.

Продолжила со прославата без младоженец

Таа ја поправила шминката, ја облекла венчаницата и започнала да слави без својот вереник бидејќи, како што вели, „не сакала денот да е тажен“.

„И деверите, и семејството, и пријателите, сите останаа покрај мене. Ми беше многу важно да го поминам овој ден и со своите родители кои се веќе во години и секогаш се плашев дека можеби нема да можат да присуствуваат на мојата венчавка. Танцував со својот татко, а пријателките постојано беа покрај мене“, вели таа.

Иако не се венчала, Стед се фотографирала во венчаницата, танцувала, одржала говор и уживала. Таа не сакала целиот труд и парите да пропаднат, а по венчавката, нејзините пријателки отпочнале кампања на „GoFundMe“ за да ѝ помогнат на невестата да ги покрие трошоците за прославата.

- АУДИО РЕКЛАМА -