Изутринава во прилепската населба Точила се случил судар на два автобуси, по што се повредени околу 20 патници.
Повредените биле веднаш упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.
Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое направи увид со полицијата, сударот се случил околу 6 часот наутро. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.
Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.

