Од утрово сопственикот на дивиот бутик „Шејн“ којшто се наоѓа на улица Македонија и којшто работи на јавна површина во центарот на Скопје, сам го отстранува објектот.
Инаку, станува збор за застаклен надворешен дел којшто вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите од своите угостителски објекти, но сепак од пред четири месеци тој дел работи како продавница за облека.
Овој објект претходно беше и предмет на надзор кај инспекторите од Општина Центар, а според информациите од општината сопственикот сам го отстранува откако претходно беше издадено и решение за негово отстранување, пренесува „Фактор“.

Во ноември лани градежен инспектор од Општината издал решение со кое му нареди на инвеститорот на стакларникот кој е доградба да биде отстранет и локалот да се врати во првобитна состојба. Сопственикот побарал рок за сам да го урне објектот којшто му бил овозможен од општинските власти.
Фото: „360 степени“