(Фото) Најубавата Романка која се движи по земјата, синоќа без срам облекла гаќи-фустан: Ова е највулгарната креација на Кан, но…

Синоќа на фестивалот во Кан црвениот тепих го запали Мадалина Генеа, италијанска актерка и модел со романско потекло, позната по својата раскошна убавина и неверојатен сексапил.

Мадалина се појавила на премиерата на филмот „Елвис“, а избрала гламурозна, но во исто време и многу предизвикувачка креација во која без многу мака се издвоила во толпата други убави дами.

Реклама

34-годишната девојка блеснала во бела тоалета, која всушност е комбинација од секси боди украсено со монистри и цвеќиња и шлеп здолниште сошиено од десетици метри тул. Оваа креација е асиметрична, односно практично нема преден дел, па госпоѓица Џенеа на сите им ги покажала своите витки, затегнати, долги нозе.

Изданието го надополнила со ефектни, светкави обетки, сандали со сребрени ремени и ефектни прстени, а убавото лице го истакнала со совршена шминка.

Инаку, Џенеа се преселила на чизмата поради манекенството како 15-годишничка, но всушност е родена во Слатина, Романија. Но, сега таа е голема ѕвезда во Италија, а тамошните медиуми ја обожаваат и одамна ѝ го дадоа прекарот „модерна Софија Лорен“ поради сличноста со познатата актерка.

Мадалина ја има ќерката Шарлот, која ја добила во врска со Романецот Метју Стратан, а по него ја поврзуваа со Џерард Батлер, Леонард ди Каприо, Вит Шнабел и голем број други успешни познати заводници.

Таа неодамна одговорила и на прашањето зошто никогаш не стапила во брак, истакнувајќи дека љубовта на нејзиниот живот се нејзината ќерка и мајка и дека попрво низ животот би чекорела сама и среќна, отколку со погрешен партнер.

Реклама