Фото: Емили Ратајковски позираше целосно гола – имитирајќи куче: „Две прекрасни миленичиња“

Познатиот модел Емили Ратајковски (31), на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која позира целосно гола, па предизвика бројни реакции.

На фотографијата се гледа како Емили позира целосно гола, легната на подот, а покрај неа е нејзиното куче. Моделот позира така што ја имитира позата на кучето.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Фотографијата за кратко време добила многу допаѓања, но и коментари:

„Многу чудно“, „Каква мајка таков син“, „Не знам како да се чувствувам“, „Две прекрасни миленичиња“, „Воедно страшна, но и неверојатна фотографија…“

Инаку, Емили пред повеќе од една година се породи, а својата извајана фигура ја врати во рекорден рок.

Таа, само 12 дена по породувањето минатата година во март, објави предизвикувачка фотографија во пижами, на која се гледа нејзиниот целосно рамен стомак, по што многумина ги започнале теориите на заговор дека манекенката воопшто не била бремена.

Емили се породи на 8 март и на светот го донесе синот на кого таа и нејзиниот сопруг му го дадоа името Силвестер Аполо.

„Силвестер Аполо Бер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година во најнереалното и најубавото утро во мојот живот“, напиша Емили тогаш.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -