Фокус: Во Белград уапсен Раде Трајковски Штекли

Раде Трајковски Штекли бил уапсен пред неколку дена во Белград, пишува “Фокус”.

Трајковски е еден од многуте бегалци од државава кои се бараат со меѓународна потерница, а според информациите кои “Фокус” ги добил од МВР, тој треба да издржи шестмесечна казна затвор.

Google search engine

“Се бара по потерница на Основниот суд-Скопје 1, по член 131 став 1, во врска со член 22 од КЗ, за издржување на казна од 6 месеци”, се наведува на сајтот на МВР.

Името на Раде Трајковски Штекли одекна во јавноста во 2017-та година кога се случи убиството на Мартин Јанушев. За убиството беше обвинет Филип Секуловски-Кобра. Кога се случи овој немил настан, со убиството неофицијално се поврзуваше и името на Штекли. Медиумите пренесуваат дека тој и Секуловски се сретнале пред Јанушев да биде убиен.

Убиството се случи на 3-ти ноември 2017-та година, кога осудениот Секуловски излегол на викенд од затвор. Иако Јанушев во себе имал пиштол, обвинетиот прв извадил оружје и го застрелал со пет куршуми, пренесува “Фокус“.