Филмаџиите едногласни: Ова е најдобриот филм за 2020. година

Американското Национално здружение на филмски критичари го прогласи филмот „Nomadland“ за најдобар филм за 2020 година.

Инаку, ова здружение во 1966-та година го основал Џо Моргенстерн со седиште во Њујорк, а составено е од повеќе од 60 најдобри филмски критичари од различни американски списанија и весници, меѓу кои „The New Yorker“, „The Los Angeles TImes“, „NYT“…

Според нивниот избор „Nomadland“ ја освои наградата за најдобра режија која што ја потпишува Клои Жао и најдобра главна женска улога која ѝ припадна на Франсес МекДорманд.

Актерката ја толкува улогата на жена која што губи се во големата криза во 2008-та година, ги пакува своите работи во својот автомобил и одлучува да живее номадски живот, возејќи се по западот на Америка по економскиот крах на малото гратче.