Филипче: Лекот „Ивермектин“ пристигнува за две недели, ќе се издава на рецепт од матичните лекари

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека во следните две недели во земјава ќе пристигне лекот „Ивермектин“.

„Ивермектинот ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД, лекот ќе се издава на рецепт од матичните лекари и во болнички услови“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Google search engine

„Лекот ќе се дава на три групи на граѓани и кај сите ќе има различно ниво на дозирање, поради што ќе мора да се консултира лекар пред употреба“, изјави Филипче.

Како што појасни министерот за здравство, станува збор за ризични групи на работници, на лица кои имале контакт или кои се веќе заразени со коронавирусот.