Социјалната мрежа планира да ја оневозможи функцијата „Nearby Friends“, но сепак не е објавена конкретната причина за ваквиот потег.
Покрај тоа, автоматски ќе бидат оневозможени податоците за локации кои се собрани од страна на корисникот.
„Nearby Friends“ е функција која на Фејсбук е додадена во 2014 година, а имплементирана е за да се создаде подобра поврзаност меѓу пријателите.
Функцијата е достапна за „Android“ и „IOS“ платформите, кои веќе имаат можност за следење по пат на GPS.

Од 1 јуни ќе стане недостапно и предупредувањето за времето, историјата на локација и историјата во позадина. Поради тоа што Фејсбук не ги спомнува плановите за враќање на споменатите функции, се верува дека истите ќе бидат трајно отстранети.
Споменатата апликација и сервис од 31 мај ќе престане во позадина да ги собира и податоците за локации, а корисниците од своја страна нема да мора да прават ништо.
Фејсбук сето тоа автоматски ќе го оневозможи.