Фејсбук додава нови револуционерни алатки

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници ќе можат да слушаат подкасти директно на апликацијата Фејсбук во наредните месеци.

Фејсбук воведува нови можности во време кога пазарот за аудио формат експлодира за време на пандемијата, од подкасти до платформата Клубхаус (Clubhouse).

Google search engine

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и пуштање подкасти.

Фејсбук, исто така, ќе додаде алатки за создавање аудио содржина, кратки аудио формати и пред се „простории за разговор“, звучни и во живо (Live audio rooms), инспирирани од успехот на Клубхаус, каде корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.

Брзото ширење на апликацијата Клубхаус, стара само една година, го покажа потенцијалот на услугата за аудио разговор, особено додека луѓето остануваа дома за време на пандемијата од Ковид -19.