Директорот на ФБИ, Крис Вреј уште еднаш потсетил дека ТикТок го контролира кинеската влада.
ТикТок за само неколку години ги загрози лидерите на пазарот за социјални мрежи како Инстаграм и Фејсбук. Иако бројот на корисници на мрежите на Закерберг и натаму е поголем, популарноста на ТикТок, посебно меѓу младите корисници, е сè поголема.
Но, тоа не е проблем само за Марк Закерберг, туку и за целиот Запад. Така барем мисли директорот на ФБИ, Крис Врај, кој уште еднаш потсети дека ТикТок го контролира кинеската влада која „не ги поддржува нашите вредности“.
Директорот на ФБи како главен проблем го нагласува фактот дека кинеската влада управува со алгоритам за препораки на таа социјална мрежа, што значи дека може да манипулира со содржините и да ги искористи за операции на влијание. Исто така, кинеската влада и можност за собирање на кориснички податоци и целата ситуација ја нарекол загрижувачка.
Неговото размислување не е ново и на истиот проблем различни американски службеници предупредуваат со години. Доволно е само да се сетиме дека Трамп планираше да го забрани ТикТок во САД уште додека ја вршеше должноста претседател.
ТикТок неколку пати се обидуваше да се дистанцира од кинеската компанија „Byte Dance“, но меѓу западните земји секогаш постои сомнеж дека таа мрежа би можела да претставува закана за националната безбедност, пишува „Axios“. Инаку ТикТок почна да го шири своето влијание во САД пред пет години, откако „ByteDance“ ја преземал ја преземал популарната апликација „Musical.ls“ и ја поврзал со ТикТок.
Од ТикТок велат дека кинеските власти немаат до корисничките податоци на социјалната мрежа.