ФБИ објави снимка: Ова е човекот кој ги поставил бомбите на Капитол!

ФБИ објави нови снимки од осомничениот кој поставил импровизирани експлозивни направи пред седиштето на Демократскиот и Републиканскиот национален одбор една вечер пред нападот на Капитол.

Маскираното лице со качулка на 5-ти јануари подметнало две бомби во близина на седиштето на Демократската и Републиканската партија. На снимката се гледа како во еден момент застанува да си ги избрише очилата.

Google search engine

ФБИ ги моли за помош граѓаните и за повеќе информации за извршителот нуди 100.000 долари.

ФБИ објави снимка од човек кој поставил бомби ноќта пред нападот на Капитол

“Се надеваме дека денеска објавените информации ќе му помогнат на некој да го препознае осомничениот”, рекол Стивен Д’Антуоно, помошник директор на ФБИ.

 

Специјалните служби во околу 13 часот на 6-ти јануари ги пронашле двете бомби, што отприлика било во време кога се собирале приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Уште не е познато зошто бомбите не експлодирале. Една од теориите е дека часовниците на експлозивните направи биле поставени на погрешно време, а друга е дека дошло до проблем со батериите.