Фактор.мк: Имер Селмани заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник?!

Имер Селмани, поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје на следните локални избори, објавуваат медиуми, особено оние на албански јазик, пишува Фактор.мк.

Изненадувањето што го најави лидерот на ДУИ, Алу Ахмети, за утре, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев  за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.

Реклама
Реклама