Фајзер и Модерна ќе заработат десетици милијарди од вакцините за ковид

Водечките фармацевтски компании, Фајзер и Модерна се очекува да заработат 32,2 милијарди долари од вакцините за новиот коронавирус во текот на следната година.

Според извештајот на Мултинационалната компанија за финансиски услуги „Морган Стенли“, американската компанија Фајзер оваа година треба да инкасира 975 милиони долари, а дополнително во следните две години уште 9,3 милијарди долари од продажбата на вакцината. Тие средства ќе бидат споделени со неговиот германски партнер БиоНТек.

Google search engine

Компанијата Модерна, која истотака разви и произведе своја вакцина против вирусот ќе да заработи 13,2 милијарди долари од продажбата на таа вакцина следната година. Во следните две години, Модерна треба да инкасира дополнителни десет до 15 милијарди долари од продажба на вакцини.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.