Ф`стак: Ги топи килограмите, а го штити целокупното здравје

Намирницата за која пишуваме денес и која е многу корисна всушност е ф`стакот. Покрај тоа што го намалува нивото на холестерол, овој јаткаст плод е одличен извор на растителни влакна, белковини, а поседува и различни витамини и минерали. Воедно, служи и како антиоксидант.

Со оглед на тоа дека ф`стаците се богати со калциум и железо, добри се за здравјето на коските и забите, а исто така помагаат и во борбата против анемијата која е предизвикана од недостатокот на железо.

Реклама

Инаку, експертите откриле дека ф`стаците го намалуваат чувството на глад бидејќи ги контролираат хормоните кои стимулираат глад, па на тој начин можат да го подобрат долгорочното контролирање на нивото на шеќер во крвта.

Покрај сите предности, оваа волшебна намирница исто така го намалува и лошиот холестерол, а го зголемува добриот и така го штити срцето.

Реклама