
Бугарија пријавила рекорден број на починати од коронавирус во еден ден, додека таа најмалку извакцинирана земја во ЕУ се бори со четвртиот бран на пандемијата.
Новозаразени има 5.286, што е нешто помалку од пикот во ноември, но починале 334 лица, што е највисок дневен број од почетокот на пандемијата.
Повеќе од 8.500 луѓе се наоѓаат во болниците, меѓу кои 734 на интензивна нега, покажуваат податоците.
Бугарија вовела Ковид-пропусници за влегување во повеќето внатрешни простории минатиот месец за да го задржи ширењето на инфекцијата под контрола и го забрзала вакцинирањето. Досега само 30 проценти од возрасните ги добиле двете дози.
Повеќе од 250.000 луѓе се вакцинирани со барен една доза откако Ковид-пропусницата станала задолжителна на 21-ви октомври.
Многу Бугари се скептични кон вакцината поради недовербата во државните институции, дезинформациите и контрадикторните пораки кои ги праќаат политичарите, оценува “Reuters”.
Во таа земја со околу 7 милиони жители, на 14-ти ноември се одржуваат третите парламентарни избори оваа година.