Европска унија одобри 11 милијарди евра помош за Бугарија

Европската комисија го одобри договорот за партнерство со Бугарија во износ од 11 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Покрај овие средства, Бугарија до 2027 година ќе има пристап до над 32 милијарди од други фондови на ЕУ.

Google search engine

Договорот за партнерство опфаќа средства од Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд, Кохезионот фонд, Фондот за праведна транзиција и Европскиот фонд за мориња, рибарство и аквакултура.

„Ја поздравувам одуката на Европската комисија со која што се одобрува финансирање за Бугарија во износ од 11 милијарди евра. Тие средства се исклучително неопходни за да може земјата да достигне средноевропски животен стандард“, кажа вицепремиерот Асен Василев.

- АУДИО РЕКЛАМА -