Легендата на италијанската кинематографија, Орнела Мути, на 9 март го прослави својот 67-ми роденден, а таа и натаму изгледа неверојатно и плени со својата убавина.
Орнела е една од најпознатите и најубави европски актерки, а спаѓа во редот на дивите во италијанската кинематографија, рамо до рамо со Софија Лорен, Моника Вити, Силвана Мангано…
Во текот на кариерата снимила над 200 филмови, а последната улога ја имала во 2012 година во остварувањето на Вуди Ален „To Rome with Love“.

Мути и денес изгледа неверојатно младолико, може да се пофали со прекрасната фигура на тело, но и лице без брчки. Таа вложила многу за да изгледа толку добро, а нејзините деца додека биле мали умееле да кажат: „Нашата мајка постојано е на диета“.
Таа практикува исхрана која вклучува многу овошје и зеленчук, храна со малку сол, јаглехидрати и рафинирани шеќери.
Открила и дека сака зачини, а особено куркума поради нејзиното антифламаторно дејство. Убавата Италијанка и физички е активна, а практикува јога.
Орнела во една прилика истакнала дека е темпераментна и спонтана, а тоа го наследила од својот татко кој бил родум од Наполи, а шармот и убавината ги наследила од мајка си која имала руски корени.

Веројатно тие руски корени биле причина за скандалот во 2015 година кој и денес не се заборава, а кога лажела дека е болна за да не мора да глуми во театарска претстава, што всушност било изговор само за да оди на вечера со рускиот претседател Владимир Путин.
Актерката за договорениот настап добила околу 25 илјади евра, но одлучила наместо на сцена да оди на хуманитарната вечера во родниот Санкт Петербург на Путин.
Кога вистината се појавила во јавноста, судот ја казнил со 600 евра и осум месеци затвор, но сепак затворската казна ја пренасочиле во условна казна кога ја надоместила паричната штета во театарот во Трст. Една година подоцна таа поднела и барање за руско државјанство.
Инаку, вистинското име на Орнела е Франческа Ривела, а таа има и сестра близначка Клаудија.

Девојчињата останале сами со својата мајка кога имале само 10 години, во тој период нивниот татко починал.
Веќе на 13 години Орнела станала многу привлечна и изгледала неколку години постаро отколку што била, а тоа ѝ овозможило да почне да позира гола во уметничките училишта и да заработува – без знаење на нејзината мајка.
Набрзо потоа почнала да се фотографира гола и за машки списанија, а провокативните фотографии ги виделе сите, дури и нејзините наставници и семејството.
На 14-годишна возраст нејзиниот живот се сменил – отишла на аудиција за филм, па така влегла во водите на актерството и почнала да ја гради својата кариера.