Сите европски централи на јаглен мора да се затворат пред 2030 година, со цел да се исполнат целите на Парискиот договор.
За само пет години од историскиот климатски договор во Париз, половина од 324 електрани со јаглен во Европа или се веќе затворени или ветиле дека ќе бидат затворени до 2030 година. Оваа значајна пресвртна точка беше постигната во понеделникот, кога британската енергетска компанија EDF објави затворање на термоелектраната Вест Бартон до 2022 година.
Затоа, сите европски централи на јаглен мора да бидат затворени пред 2030 година, со цел да се исполнат целите на Парискиот договор.
Употребата на јаглен во Европа нагло опаѓа од 2012 година, пишува National Geographic. Тринаесет европски земји веќе не користат јаглен, а уште единаесет имаат донесено одлука за укинување на јагленот до 2030 година. Дури и во земјите каде јагленот е главен извор на енергија, како што е Грција – чија содржина на лигнит во енергетскиот микс падна од околу 50% на 20% во последниве години. Пет години – работиме на забрзана транзиција од јаглен кон чисти извори на енергија до 2023 година, имено пет години порано од очекуваното. Унгарија е другата источноевропска земја која одлучи да го забрза укинувањето на јагленот до 2025 година, наместо до 2030 година.
Императив е земјите од Западен Балкан да усвојат одржлив пристап кон енергетската иднина што е можно поскоро и да обезбедат безбедна транзиција кон обновливи и чисти извори на енергија. Досега, Северна Македонија е единствената земја на Западен Балкан што планира да го исфрли јагленот од 2030 година. Во последните 18 месеци, Македонија (реконструкција на Осломеј), Црна Гора (Пjeевlа II) и Косово (Косово е Ре) се откажаа од нови производствени проекти на јаглен, што е важен поттик кон одржлива енергетска транзиција.
„Во ноември минатата година, лидерите на Западен Балкан ја потпишаа Декларацијата за зелена агенда за Западен Балкан, со која се обврзаа на декарбонизација до 2050 година, во согласност со претстојните климатски закони во ЕУ. Затоа, сите планови за изградба на нова моќност на јаглен постројките треба да бидат запрени и да се надоврзуваат на политичката рамка што ни гарантира одржлив пат на енергетска транзиција кон праведна социјална трансформација, здрава и чиста иднина. Ова е исто така во согласност со амбициите за влез во ЕУ“, рече Виктор Беришај од Европската мрежа за климатска акција (CAN Europe).
“Се наоѓаме на крајот на животот на европската индустрија за јаглен. По повеќегодишно постојано опаѓање, половина од термоелектраните во Европа влегуваат во историјата. Владите, енергетските компании и финансиските институции сега мора да планираат ослободување од јаглен до 2030 година или порано, да се стави крај на сите текови на финансирање на јаглен и фосилен гас. И наместо тоа, нивната поддршка ја насочуваат кон одржливи и обновливи извори и фер транзиција на ранливите заедници. Во следните пет години, ќе се збогуваме со преостанатите капацитети”, рече Катрин Гутман, директор на кампањата Европа надвор од јагленот (Europe Beyond Coal).